Работи на фарма, а синоќа стана херој на својата репрезентација

На Европското првенство во ракомет главна приказна е селекцијата на Фарските Острови. Во натпреварот од второто коло од групата Д, дебитантите на ЕУРО ремизираа против фаворизираната Норвешка со резултат 26:26, иако на пет минути до крајот имаа негатива од три гола.

Неверојатна борба, срце, желба, талент, ја направија најголемата сензација во историјата на ракометот.

Еден од хероите на Фарските Острови беше 21-годишниот Елиас Елефсен Скипаготу, кој за 26:26 во последните секунди постигна седмерец, по што имаше големо славје.

Овој млад ракометар го заврши натпреварот со пет гола и десет асистенции и покажа дека со право важи за еден од најголемите таленти во светот на ракометот.

Сепак, тој се најде на насловните страници на почетокот на минатата година кога за прв пат ја однесе својата екипа низ квалификациите на ЕВРО.

По мечот и тренинзите, Елиас веднаш оди на фармата за да им помогне на родителите, а веднаш по квалификацискиот натпревар со Украина минатата година се појави фотографија на која Елијас ги храни овците во тренерки на репрезентацијата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО