Францускиот фудбалер во редовите на Јувентус, Адриен Рабиот, влегува во плановите на повеќето европски гиганти. Последните информации од Германија велат дека за неговиот потпис е заинтересиран и составот на Баерн Минхен. Весникот – „Билд“ денеска наведува, дека договорот на играчот од средниот ред е валиден до крајот на јуни и дека останува дилемата дали ќе му биде продолжен. За 28-годишниот фудбалер се заинтересирани и екипите на Интер и Барселона. Тој му се приклучи на Јувентус од францускиот Пари Сен Жермен во летото 2019 година. Рабио на 197 средби има постигнато 20 гола и 15 асистенции.