ПСЖ подобар од Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа и единаесеттиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва на домашен терен, битолчани беа поразени од ПСЖ со 25:31.
Мечот помина во доминација на гостите, кои практично уште од првите минути на средбата направија предност која потоа беше недофатлива за „зелено-белите“. На полувреме тимот предводен од некогашниот стратег на Вардар, Раул Гонзалез, замина со преност од 6 гола (9:15), а истата разлика ја сочува и во вториот дел.
Е. Пелистер на моменти успеваше да најде простор и да го намали водството на гостите, кои сепак, сосема заслужено ги освоија бодовите.
Дури пет ракометари на Е. Пелистер вечерва постигнаа по 3 гола (Манасков, Борзаш, Радивојевиќ, Ѓорговски и Пешевски), а кај екипата на ПСЖ најефикасен беше Шипчак со 7 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО