ПСЖ е најлошиот тим во ЛШ според процентот на загубени полуфинални натпревари

ПСЖ беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ), од Борусија Дортмунд. За клубот од Париз тоа беше шести пораз на седумте полуфинални натпревари во ЛШ (86 отсто) што е најлош резултат меѓу сите екипи кои одиграле најмалку пет полуфинални средби.

Единствената победа ПСЖ ја забележа во 2020 година, над Лајпциг (3:0). Таа година поради пандемијата на ковид-19 се играше само еден полуфинален натпревар. Во финалето ПСЖ загуби од Баерн, 0:1.

Сезонава ПСЖ на патот до полуфиналето, ги елиминираше Реал сосиедад во осминафиналето (вкупни4:1), а во четвртфиналето парижаните беа подобри од Барселона вкупни (6:4).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО