Реал замената за Тони Крос ја најде во Сосиедад

Претходно стана јасно дека мадридскиот клуб е заинтересиран за купување на 25-годишниот играч за врска, кој е облетуван и од неколку англиски гиганти.

Според весникот „АС“, Реал во него гледа идеална замена за Тони Крос, кој се пензионираше на крајот на минатата сезона. Купувањето на Зубименди е во согласност и со внатрешната политика на клубот, која е насочена кон засилување со млади шпански фудбалери.

Евентуален трансфер на Зубименди е планиран за летото 2025 година. Инаку, за Зубименди во јуни ќе се борат и Манчестер Сити и Ливерпул.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО