Марко Ројс: Никој не го очекуваше ова. Навистина е неверојатно

Кариерата на Марко Ројс во Борусија Дортмунд е при крај, а има ли подобар начин да се збогува со клубот од враќањето на стадионот „Вембли“ за уште едно финале во Лигата на шампиони (ЛШ), 11 години по поразот од Баерн Минхен.

Борусија го елиминираше ПСЖво полуфиналето по двете победи со 1:0 и се пласираше во финалето, за прв пат од 2013 година. Тогаш тимот од Дортмунд загуби од Баерн токму на „Вембли“ на почетокот на професионалната кариера на Ројс во Борусија.

Марко Ројс (34) се врати во Борусија Дортмунд во 2012 година, а на крајот од сезонава ќе го напушти тимот со кој освои два купа на Германија.

– Чувството е неописливо. По повеќе од 10 години ќе играм во финале со Борусија. Осман Дембеле и Ашраф Хакими придонесоа за брзата игра на ПСЖ и ни направија многу проблеми. Но утре никој нема да праша како го добивме натпреварот. Удирите во гредата и во пречката нема да се бројат по еден ден.

Единственото нешто што е важно е што Борусија Дортмунд повторно е во финалето на Лигата на шампиони. Никој не го очекуваше ова. Навистина е неверојатно. Последнава недела за мене беше преубава.  Ќе се вратам на „Вембли“, каде што се’ почна пред повеќе од 10 години, тоа е лудо. Сега мораме да победиме, изјави Ројс една од легендите на клубот.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО