Премиер лигата ќе гласа за укинување на ВАР?

Клубовите од англиската Премиер лига на годишниот состанок следниот месец ќе гласаат за укинување на видео помошникот судија (ВАР) од следната сезона! Вулверхемптон формално достави резолуција до Премиер лигата за која ќе треба да гласаат 20-те клуба членки на состанокот во Харогејт, на 6 јуни.

Клубот соопшти дека ВАР е воведен „со добра волја“, но довел до „бројни несакани негативни последици кои го оштетуваат односот меѓу навивачите и фудбалот“.

ВАР беше воведен во 2019 година за да им помогне на судиите на теренот околу клучните одлуки на натпреварите, но сезонава имаше голем број контроверзни инциденти поврзани со технологијата. За секоја промена на правилата потребно е двотретинско мнозинство, 14 од 20-те клубови, да гласаат за.

– Цената што ја плаќаме за мало зголемување на прецизноста е во спротивност со духот на нашата игра, стои во соопштението на Вулфс.

Премиер лигата соопшти дека „ја признава загриженоста“ за ВАР, но „целосно ја поддржува“ технологијата и ќе продолжи да работи на подобрувањата. Клубовите од Премиер лигата веќе изгласаа полуавтоматска офсајд технологија која ќе биде воведена од следната 2024/25 сезона.

Една од најпознатите грешки на ВАР сезонава е погрешно поништениот гол на Луис Дијаз, поради наводен офсајд, на мечот Тотенхем – Ливерпул (2:1) лани во октомври.

Според податоците на Премиер лигата бројот на правилни одлуки на натпреварите е зголемен од 82 насто, пред воведувањето на ВАР, на сегашни 96 насто. Со полуавтоматизираната офсајд технологија која треба да биде профукционира од следната сезона, се очекува таа бројка уште повеќе да се зголеми.

Од Премиер лигата, сматаат дека отстранувањето на ВАР ќе има негативно влијание врз нејзината глобална репутација. На многу навивачи пак не им се допаѓа (пре)долгото време при донесување маргинални одлуки за офсајд, дури и кога исходот на крајот ќе се покажа како правилен.

Минатиот месец, Шведска стана единствената елитна лига во топ 30 на УЕФА која го отфрли ВАР.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО