Првиот човек на МОК, Димевски со груби навреди кон своите противници

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски, со крајно непримерни зборови, како и со други дисквалификации му се обраќа на Иницијативниот одбор (ИО) за промени во МОК.

Ова уследи откако неодамна поголем број национални спортски федерации и спортисти го кренаа гласот незадоволни од лошата работа на претседателот Димевски.

Тој во писмото на иницијаторите за негова смена им се обраќа вулгарно и навредувачки, а неговиот имејл е препратен до поголемииот дел од членовите на Собранието на МОК.

Димевски своите опоненти ги нарекува „неписмени“, а во еден дел наведува дека „за ова силување на членовите и системот некој ќе одговара на крајот“.

Тој обраќањето го потенцира како лично, но таквото однесување во најмала рака не му доликува на еден висок спортски функционер и на предводник на најважната спортска институција во државата.

Не му доликува ниту на еден магистер, како што Димевски се потпишува на документите, што беше редовно потенцирано и во објавите на социјалните мрежи на МОК.

 
 
Борбата за останување на власт на Димевски по се’ изгледа се ближи кон крајот, бидејќи наскоро треба да се одржи Вонредното собрание на ИО за промени во МОК, на 6 февруари, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

Главна точка на дневниот ред е смената на сегашниот претседател Димевски, а потоа и  избор на неговиот наследник.

Димевски, претходно закажа редовно Собрание на МОК, за 8 февруари, што според многумина е прерано, со оглед на тоа што досега се одржувало пред крајот на годината

Потврда за тоа е фактот што тој беше избран за прв човек на МОК во октомври 2020 година, на местото на Васил Тупурковски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО