АЕК и Тричко дојдоа до крајот: Нема нов договор, но имаат интересна понуда за Македонецот

Соработката на Иван Тричковски со АЕК Ларнака, ова лето најверојатно и скоро извесно ќе заврши.

Клубот информираше дека нема да му понудат нов договор на македонскиот интернационалец како фудбалер, но за него имаат друга отворена понуда.

Иван Тричковски несомнено е икона на модерниот АЕК Ларнака, па од таа причина, не сакаат да го испуштат од раце, па му ја нудат позицијата директор во клубот, што и за Тричко, би била доста примамлива.

Тричко е сопственик на повеќе рекорди во овој клуб, тој е играч со најмногу настапи, вкупно 296, а има постигнато и 147 погодоци.

Главниот збор ќе го има Тричковски, кој ќе има право да збира дали да земе и да одбие од понуденото.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО