Претседателот на ФИА Бен Сулејем се надева дека ќе ја прошири листата на учесници во Ф1 шампионатот.

Претседателот на ФИА Мохамед бин Сулејем ги сподели своите очекувања за новата сезона во Формула 1. Според него, доминацијата на еден тим не е ништо ново – но тоа не го елиминира проблемот со недостаток на конкуренција.

– Се надевам дека некој може да го предизвика Верстапен. Ферари , Мерцедес и Мекларен се претставија добро . Да, Ред Бул повторно изгледаа многу силно, но знаете колку брзо работите можат да се променат на патеката. Ни треба конкуренција. Во трките, особено во Ф1, често сме доживеале периоди на доминација на една екипа. И ние ја сакаме конкуренцијата. Иако ние ги поставуваме правилата, не можеме да ја исклучиме можноста некој да се справи подобро од другите. Се надевам дека оваа година борбата за титулата ќе биде повозбудлива, изјави претседателот на ФИА.

Тој нагласи и дека е незадоволен од проширувањето на календарот на Ф1 (оваа година ќе има рекорден број трки – 24). Покрај тоа, Бен Сулајем се осврна на темата за претходно одбиената апликација на Андрети во Ф1:

– Отсекогаш сум велел дека ни требаат повеќе тимови, а не повеќе трки. Ние (ФИА) ја проучувавме апликацијата до секој детал и ја одобривме. Но ние сме одговорни само за спортската компонента, а не и за комерцијалната. Како спортски функционер, мојот сон е Формула 1 тимот на САД да биде не само учесник, туку и снабдувач на мотори. Ова е важно за целиот спорт. Ќе поздравиме и тимови и производители од Кина. Навистина се надевам дека Ауди ќе се појави како што претходно беше најавено, а „Џенерал Моторс“ ќе пристигне за две години, изјави Бен Сулејем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО