Миранчук може да направи трансфер

Италијанските клубови Торино и Фиорентина, не кријат дека се заинтересирани за трансферот на рускиот фудбалер за врска на Аталанта, Алексеј Миранчук . Toj во тековнава сезона има 21 меч во Серија „А“ со ефект од три гола и четири асистенции. Миранчук во евро-конкуренцијата се појави на осум средби на кои направи три асистенции.

 

Во три натпревари од Купот на Италија постигна еден гол и имаше едно додавање кое беше крунисано со погодок. Трансферната вредност на Миранчук се проценува на околу 10 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО