Премиер лига: Нотингем форест покус за четири бода, и е пред испаѓање!

На Нотингем форест одземени му се четири бода поради прекршување на правилата за профит и одржливост во Премиер лигата. Независната комисија утврдила дека загубите на Форест во 2022/23-та го надминале прагот од дозволените 61 милион, за 34,5 милиони фунти.

Одземањето на тие поени значи дека Форест сега е 18-ти со 21 бод, во зоната за испаѓање од Премиер лигата.

Од Форест соопштија дека се „крајно разочарани“ од одлуката, за која велат дека „покренува прашања за загриженост кај сите клубови “.

Во соопштението на клубот се вели: „По неколку месеци разговори со Премиер лигата и исклучителната соработка во текот на целата година, ова беше неочекувано и и’ наштети на довербата што ја имавме во Премиер лигата“.

Форест е вториот тим што е казнет, по Евертон на кој му беа одземени 10 поени во ноември, што по жалбата беа намалени на шест.

Клубовите од Премиер лигата може да загубат 105 милиони фунти во текот на три сезони, 35 милиони фунти по кампања. Но максималната загуба на Форест бешеа  ограмичена на 61 милион фунти, бидејќи тие минаа две години од периодот на оценување во Чемпионшип.

Нотингем форест си обезбеди место во историјата со тоа што само еднаш ја освои шампионската титула во Англија, а двапати во Европа!

Откако беше најдобар во Англија во 1978 година, следната 1979-та триумфира во тогашниот Куп на европските шампиони (КЕШ) победувајќи го Малме со 1:0 во финалето.

Како бранител на титулата, во сезоната 1979/80, повторно играше во КЕШ и повторно беше најдобар, победувајќи го Хамбургер со 1:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО