Премиер лига: Номинирани играчите и менаџерите на сезоната

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд (23), втора година по ред, би можел да биде прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата. Покрај него номиниран е и тимскиот колега од Сити, Фил Фоден.

Потесниот список го комплетираат играчите од средниот ред на Арсенал, Мартин Одегард и Деклан Рајс, напаѓачот на Челси, Кол Палмер, напаѓачот на Њукасл, Александар Исак, напаѓачот на Астон вила, Оли Воткинс и дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Добитникот на признанието одлучен со јавно гласање и панел од Премиер лигата, ќе биде познат на 18 мај.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, четирикратен добитник на наградата за менаџер на сезоната, повторно се најде во потесниот избор, заедно со Микел Артета од Арсенал, Јирген Клоп од Ливерпул, Унаи Емери од Вила и Андони Ираола од Борнмут.

Лани Халанд стана првиот играч кој ја освоил наградата за играч на сезоната и наградата за најдобар млад играч откако постигна 36 гола во 35 лигашки натпревари. Сезонава тој постигна 25 гола, а Сити ја брка рекордната, четврта последователна титула.

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо е единствениот играч кој ја освоил наградата во две последователни сезони, во 2006/07 и 2007/08-та.

Играч на Сити ја освојува наградата во минатите четири сезони, пред Халанд беа Кевин де Брујне во 2019/20 и 2021/22 и Рубен Диас во 2020/21.

Халанд, Фоден, Палмер и Исак, исто така, се и во потесниот круг на призанието најдобар млад играч на сезоната, заедно со напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака и дефанзивецот Вилијам Салиба, играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Коби Маино и дефанзивецот на Тотенхем, Дестини Удоги.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО