Во мај 2022 година, конзорциумот на Тод Боли и инвестициската компанија „Clearlake Capital“ станаа нови сопственици на фудбалскиот состав Челзи. Дури сега се дозна точно како е поделен клубот.
Според „Телеграф“ , Челзи е со 60% сопственост на „Clearlake Capital“ а другите 40% се поделени меѓу Боли, Хансјорг Вис (швајцарски претприемач) и Марк Волтер (кој е сопственик на Лос Анџелес Доџерс со Боли). Доколку Тод замине како претседател, тогаш друг кандидат ќе може да го замени дури во 2032 година.