Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави судиските двојки за завршните турнири во трите најголеми европски клупски натпреварувања ЕХФ Европската лига, Лигата на шампиони за жени и Лигата на шампиони за мажи.
Прв на програмата е завршниот турнир во Европската лига, кој ќе се одржи на 30 и 31 мај.
За трофејот ќе се борат Монпеље ,Кил, Мелсунген и Фленсбург.
Полуфиналето меѓу Монпелје и Кил ќе го судат хрватските арбитри Томислав Циндриќ и Роберт Гонзурек, додека австрискиот пар Денис Болиќ и Кристоф Хурих ќе ја дели правдата на германското дерби меѓу Мелсунген и Фленсбург.
Големото финале им e доверено на шпанските судии Андреу Марин и Игнасио Гарсија.
Во женската Лига на шампиони за жени, завршниот турнир во Будимпешта ќе се игра на 6 и 7 јуни.
Во борба за европската круна ќе бидат Мец, ЦСМ Букурешт, Брест Бретањ и Ѓер.
Данската двојка Мадс Хансен и Јеспер Мадсен го судат дуелот Мец – ЦСМ Букурешт, додека на мечот меѓу Брест Бретањ и Ѓер главни се судијки од БиХ, тоа се Татјана Праштало и Весна Балван. Финалето ќе го суди српската двојка Вања Антиќ и Јелена Јаковљевиќ.
Кулминацијата на сезоната ќе биде традиционално во Келн со Фајнал-фор во Лигата на шампионите на 13 и 14 јуни.
Во полуфиналните пресметки ќе се сретнат Магдебург и Фуксе Берлин, како и Алборг против Барселона.
Црногорските арбитри Иван Павиќевиќ и Милош Ражнатовиќ ќе го судат германското полуфинале, додека босанските близнаци Амар Коњичанин и Дино Коњичанин се делегирани за мечот меѓу Алборг и Барселона.
Финалето во Келн ќе биде под водство на норвешките судии Ларс Јорум и Хавард Клевен.