Хапоел Тел Авив сака да го ангажира Ти Џеј Шортс

Ти Џеј Шортс (22) би можел од следната сезона да настапува за израелскиот кошаркарски клуб Хапоел Тел Авив.

Хапоел сака да го доведе нашиот плејмејкер кој ист агент кој го застапува и главниот тренер на израелската екипа, Димитрис Итудис.

Ти Џеј Шортс важечки договор со грчкиот клуб до летото 2027 година, прашање е дали македонскиот репрезентативец ќе остане во Атина по турбулентната сезона и затегнатите односи со тренерот Ергин Атаман.

Шортс оваа сезона во грчкото првенство има просек од 11,9 поени и 4,2 асистенции по натпревар, односно 7,8 поени и 3 асистенции по натпревар во Евролигата.

Хапоел ги има Василије Мициќ како плејмејкер – кој има профитабилен и долгорочен договор, Крис Џонс чиј договор истекува, Јам Мадар и Тајлер Енис (договор до 2027 година) и домашните играчи Јифтах Зив и Гај Палатин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО