Познати се двојките за 1. коло во новата сезона од Премиерлигата

Денеска се откриени дуелите за првото коло од новата сезона во англиската Премиерлига и може да се констатира дека не очекуваат добри дуели како увертира.

Шампионот Манчестер Сити ќе има интересно гостување, ќе гостуваат во Лондон кај Челси, додека второпласираниот Арсенал од претходната сезона, поход кон титула ќе почнат со дуелот на домашен терен против Волверхемптон.

Од позвучните имиња во Премиерлигата, Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд ќе го пречека составот на Фулам, додека Ливерпул ќе гостува кај Ипсвич.

Тотенхем ќе гостува кај повратникот во лигата, тимот на Лестер, додека Вест Хем ја пречекува екипата на Унаи Емери, Астон Вила.

Останатите двојки од првото коло:

Њукасл – Саутемптон
Евертон – Брајтон
Нотингем Форест – Борнмаут
Брентфорд – Кристал Палас

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО