Македонија ќе има уште еден претставник на ЛОИ во Париз 2024

Македонија доби уште еден учесник на Летните Олимписки игри во Париз 2024.

Тоа ќе биде  Охриѓанката Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво која ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени 60 истрели додека натпреварот според програмата на Олимписките игри ќе биде на 28 Јули 2024 година.

Анастасија Мојсовска е млада спортистка на 22 годишна возраст но е докажана како стрелец кој покрај тоа што бил повеќе кратен Државен првак и рекордер на Македонија истата остварила високи резултати на меѓународните натпревари.

Таа тоа го докажа на последниот Светски куп во Минхен 2024 каде оствари нов Државен рекорд и висок светски резултат од 628,8 кругови кој е конкурентен за влез во финале на претстојните Олимписки игри во Париз 2024 споредено со претходните Олимписки игри во Токио каде што за влез во финале беа потребни 628,5 кругови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО