Ова е господски потег на Дансо: Мбапе доби порака по повредата

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, потврди дека нема да сака да ризикува и Килиан Мбапе нема да биде достапен веќе за репрезентацијата до крајот на групната фаза.

Но денеска дојде и извинување од австрискиот фудбалер кој го повреди Килиан Мбапе со рамото во носот, што подоцна се потврди дека станува збор за фрактура.

Кевин Дансо чувствува вина што Мбапе нема да игра 1-2 натпревари во групната фаза, па јавно упати извинување до Мбапе и француската екипа.

– Се извинувам што Килиан Мбапе се повреди при нашиот дуел. Сакам да му посакам брзо опоравување и се надевам дека брзо ќе се врати на терен, порача Дансо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО