Познати полуфиналистите на СП во хокеј на мраз

Хокеарите на Канада, Швајцарија, Чешка и на Шведска се пласираа во полуфиналето на Светското првенство (СП) во елитната група што се одржува во Чешка.

Актуелните светски шампиони, Канаѓаните, очекувано, се пласираа во полуфиналето со победата над Словачка со 6:3, во прашката арена „О2“. Швајцарија го совлада минатогодишниот вицешампион Германија, со 3:1, а Чешка беше подобра од САД, 1:0. Шведска по продолжението триумфира над Финска со 2:1.

Во полуфиналето утре ќе играат Шведска – Чешка, односно Канада – Швајцарија.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО