Голема чистка во Баерн по сезоната без трофеј. Отпишани седум ѕвезди

Сезоната за Баерн Минхен заврши со дебакл. По 11 последователни титули во Бундеслигата, Баерн се најде на третото место, а од домашниот куп беше исфрлен од второлигаш. Единствено во што не се посрамоти беше Лигата на шампиони (ЛШ) во која помалку  несреќно испадна во полуфиналето, од Реал Мадрид.

Тренерот Томас Тухел заминува, а според најтиражниот германски весник „Билд“ ќе го следат дури седум ѕвезди.

– Раководството на Баерн ќе почне со сеопфатно реновирање и чистење на тимот веднаш штом новиот тренер ќе го преземе тимот. На Баерн му треба голема чистка за да ги пренасочи десетиците милиони евра потребни за засилувања, пишува „Билд“ и ги наведува седумте отпуштени, чија вредност според Трансфермартк изнесува 340 милиони евра.

Прв кандидат за продажба е Серж Гнабри (28) иако има договор до 2026 година. Тој пречесто се повредува, а поради скинати мускули, нема да настапи на ЕП. Натаму, тој игра ретко игра на потребното, врвно ниво. Но, Баерн ќе има голем проблем да се ослободи од него бидејќи тој има плата од дури 20 милиони евра.

Кингсли Коман (27) е во слична ситуација како Гнабри. Пречесто се повредува и покажува премалку конзистентност. Тој има договор до 2027 година и е проценет на 65 милиони евра. Доколку Баерн успее да го продаде, би добил цело богатство.

Џошуа Кимих (29) е еден од најтешките карактери во соблекувалната. Прашање е што планира новиот тренер со него. Да биде десен бек или лидер во средниот ред? Зависи и од тоа што сака Кимих во иднина. Тој има договор до летото следната година и Баерн веднаш би го продал за да заработи нешто.

Леон Горецка (29) е лидер и е посветен на клубот. Сепак, Баерн сака свежи сили во средниот ред, налик на Френки де Јонг.  Дајот Упамекано (25) заврши на клупата за резерви по серијата лоши игри сезонава.

Алфонсо Дејвис (23) флертува со Реал, но неговите игри се се’ полоши. Баерн сака да му го продолжи договорот кој завршува во 2025 година, но Дејвис бара премногу пари. Затоа е многу веројатна разделба летово, но прашањето е дали Реал сè уште го сака?

Нусаир Мазрауи (26) честопати се повредува поради што Баерн зимава како скапа алтернатива го доведе Саша Бои (23). Се очекува да се врати и Јосип Станишиќ од заемот во Баер Леверкузен, па и Мазрауи е блиску до заминување.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО