Олмо на „радарот“ на Барселона, но и на Баерн

Еден од најдобрите фудбалери на германскиот Лајпциг, Шпанецот Дани Олмо е голема желба на Барселона, пренесува весникот „Марка“.

Олмо би можел да се врати во матичниот клуб по 10 години, откако се пресели, најпрво во Динамо Загреб, а оттаму стигна и до Бундеслигата.

Баерн Минхен исто така го додаде Дани Олмо на списокот на играчи кои би сакал да ги купат летово, што значи дека битката за неговите услуги очигледно ќе биде сериозна.

Спортскиот директор на Баварците, Макс Еберл добро го познава Олмо од минатата сезона, кога ја извршуваше истата функција во Лајпциг. Откупната клаузула на Олмо е 60 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО