На отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ кон средината на август ќе се одржи 53. издание на турнирот крај Охридското езеро.
За разлика од претходните изданија, годинава нема да настапат трите најдобри екипи од Суперлигата, Е.Пелистер Вардар 1961 и Алкалоид не покажаа интерес за турнирот оваа година и организаторот испрати покани до два други македонски клубови.
Покрај домаќинот Струга, на турнирот ќе играат новиот Охрид на Борис Ројевиќ и Тиквеш. Охриѓани токму на овој турнир првпат ќе се претстават во јавноста по склопувањето на супер-компетитивниот тим за сезоната 2025/26. Трите преостанати учесници на турнирот ќе бидат странски екипи и организаторот наскоро ќе ги објави. Се очекува и составот на групите и календарот на натпревари.
Струшкиот турнир оваа година ќе се одржи од 13 до 16 август.