Кошаркарската федерација (КФМ), врз основа на заклучоците од состаноците со екипите од сениорските лиги ги претстави стратегиите за периодот од 2025 до 2029 година.
Врз основа на сеопфатна анализа на младинските и сениорските лиги, како и на финансиските и административните обврски на клубовите од минатите натпреварувачки сезони, КФСМ ја објави новата стратегија за стабилен и квалитетен натпреварувачки систем во периодот од следните четири години.
Во анализата беа активно вклучени: Канцеларијата за младински лиги, Канцеларијата за сениорски лиги, Канцеларијата за архива и администрација (во делот на долговите на клубовите кон федерацијата).
Целта на оваа стратегија е да се обезбеди: системски развој, јасни насоки за напредок, фер и дисциплинирано натпреварување.
Младински лиги – Континуиран развоен пат
МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:
Од сезоната 2025/26 ќе функционираат: М12, М14, М16, М18, како и М20 – реактивирана како развојна лига, мост кон сениорската конкуренција. Целта е да се обезбеди квалитетна подготовка на младите играчи пред влез во сениорска
кошарка.
ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА:
Од сезоната 2025/26 ќе функционираат: М12, М14, М16, М18 лиги. Со оглед на мал број на женски сениорски екипи и природната интеграција на девојките од 19 – 20 години во тие тимови, не се предвидува посе vбна М20 женска лига под капата на КФСМ.
СЕНИОРСКИ ЛИГИ – ПОФОКУСИРАН СИСТЕМ
МАШКА КОНКУРЕНЦИЈА:
1. Суперлига (поранешна Прва лига): Сезона 2025/26: 12 екипи. Од 2026/27: 10 екипи. Право на настап: 4 (четири) странски играчи (максимум 3 истовремено на терен во регуларниот дел, а без ограничување во плеј – оф).
2. Прва македонска лига (поранешна Втора лига): 12 екипи според пласманот од 2024/25. Екипи од Третата лига со посебна покана (wildcard), доколку ги исполнат условите од лиценцниот систем. Право на настап: 1(еден) странски играч.
ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА:
1. Прва лига: Сезона 2025/26: 8 екипи. Од 2026/27: 8 екипи. Право на настап: 3 странски играчи (максимум 2 истовремено на терен во регуларниот дел, а без ограничување во плеј – оф).
2. Втора лига, 5 екипи според пласманот од 2024/25 и секоја новопријавена екипа. Право на настап: Двојна лиценца (согласно пропозициите на КФСМ).
ПРИЈАВУВАЊЕ – ЈАСНИ ЧЕКОРИ ЗА УЧЕСТВО
Сите клубови – без исклучок, стари и нови, должни се да достават писмена пријава за учество за сезоната 2025/26:
Пријавување на сениорските екипи во периодот од 07 до11.07.2026 година.По овој рок започнува втората фаза, во која секоја екипа ќе треба: Да ги пријави играчите, тренерите и домашните сали. Да ги подмири сите претходни долгувања кон федерацијата.
УРЕДНОСТ И ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА
Екипите кои ќе достават комплетна документација, ќе ги исполнат критериумите, ќе ги подмират обврските навреме, ќе бидат промовирани како активни, со лиценца и медиумска видливост. За сите останати екипи ќе биде дадена временска рамка да ги дозавршат своите обврски.
СТАНДАРД ЗА СИТЕ – БЕЗ ИСКЛУЧОК
Новите правила важат еднакво за сите – без фаворизирање, без исклучоци, без компромиси. Само екипите што ќе ги исполнат сите критериуми, ќе добијат дозвола за настап.
ФОРУМИ НА СОРАБОТКА СО КЛУБОВИТЕ – ЈАВНО ПРОМОВИРАЊЕ
Во втората половина на јули, КФСМ ќе организира дополнителни средби и презентации со сите пријавени екипи, каде ќе бидат детално објаснети:
Новите лиценцни критериуми;
Финансиските и организациските обврски;
Стандардите за сали и др.