Aнгеловски: Мора многу внимателно со Тиквеш

Ракометарите на Еурофарм Пелистер како фаворити за освојување на Купот на Македонија го дочекуваат стартот на финалниот турнир во Скопје. Битолчани в петок во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го одиграат полуфиналниот меч со Тиквеш.

Стратегот на „зелено-белите“, Бранко Ангеловски, вели дека дуелите со Тиквеш, особено оној на гости во првенството, беше најтешкиот за нив сезонава.

– На полуфиналниот меч со Тиквеш мора да влеземе максимално мотивирани со пристап кој го имавме во текот на целата сезона. Само со таков пристап може да очекуваме место во финалето. Мечот со Тиквеш на гости беше можеби и најтешкиот меч за нас во првенството.

Добро е што сите наши играчи кои играа за своите репрезентации се вратија здрави. Во овој период беше потешко да се работи поради остуствата на 13 играчи поради настапите во репрезентациите. Имаме одличен ростер и ќе имаме слатки грижи со кои 16 ќе настапиме во Купот, истакнува Ангеловски.

Утре во првото куп полуфинале се среќаваат Алкалоид и Вардар, а в петок е мечот меѓу Е. Пелистер и Тиквеш. Двата меча почнуваат во 19.30 часот.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО