Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Анже Постекоглу, вчера имаше вербална расправија со еден од навивачите на неговиот тим.
Грчкиот стратег не криеше дека е крајно изнервиран од однесувањето на фановите на „спарси“, или барем на поединци што навиваа за Манчестер Сити. Тој претходно рече дека е разочаран затоа што дел од навивачите на Тотенхем сакаат „граѓаните“ да победат и да ја освојат титулата пред нивниот голем градски ривал, Арсенал.
Инцидентот меѓу Постекоглу и домашниот фан се гледа на видео материјал објавен на социјалните мрежи.