Фримпонг: Сега сум фокусиран на освојување на трофеи со Баер Леверкузен

Дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг изјави дека сега е фокусиран на тоа како добро да ја заврши сезоната со Леверкузен, но не знае каде би можел да заврши следното лето.

-Сакам само да освојувам трофеи. Навистина сум фокусиран на оваа сезона и на Леверкузен. Но, што ќе се случи во иднина? Никогаш не се знае што ќе се случи во фудбалот. Дали Баерн Минхен е можен следен клуб?

-Баерн е одличен тим, но јас сум играч на Баер Леверкузен и многу сум среќен што сум таму, изјави Фримпонг во интервју со новинарот Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа Х.

Според изворот, Фримпонг може или да го напушти клубот во следниот преоден рок на лето или да остане, бидејќи актуелниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, одлучил да не го напушти тимот следната сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО