Бостон ќе биде посилен за Кристапс Порзингис, кој се очекува да игра во првиот натпревар од финалето на НБА против Далас.
Центарот од Бостон одржал неколку тренинзи во последните денови и се очекува да се врати на теренот во првиот натпревар од финалната серија против Далас, пренесува инсајдерот Шамс Чаранија.
Финалната серија започнува во четврток, 6-ти јуни.
Инаку, Порзингис беше надвор од терените од 29 април поради повреда на потколеницата.