Пораз на Македонија У21 на гостувањето кај БиХ

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година е поразена на гостувањето кај селекцијата на Босна и Херцеговина со 2:1 (1:0).

Натпреварот се одигра на стадионот во градот Коњиќ домашната селекција го отвори уште на стартот на натпреварот кога погоди Хамза Јагањац во 10 минута за водство од 1:0. Овој резултат беше и по првото полувреме, додекља во вториот дел , БиХ дојде до предност и од 2:0 благодарение на голот на Адмир Присниќ во 72.минута.

Во финишот од натпреварот селекторот Канатларовски направи неколку измени што донесе гол за Македонија во 92 минута преку Фитон Адеми. Овој пораз за Македонија У21 доаѓа по победата над Полска на гостински терен и тоа пред само неколку дена.

Во почетниот состав на Македонија на оваа средба беа Тасев, Серафимов, Џеков, Деспотовски, Рамадани, Златков, Ѓорѓиевски, Крстевски, Чилафи, Игњатов и Трпчевски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО