(ВИДЕО) Поранешен водач на Делии: Сакавме да му ги скршиме нозете на Дражен Петровиќ!

Зоран Тимиќ Тима, кој во 80-те и 90-те години беше предводник на навивачката група на Црвена ѕвезда од Белград, „Делије“ на официјалниот клупски „YouTube“ канал раскажува за нивниот морничав план во средината на 80-те.

На тој канал почна да се емитува серијата „Ултрас, приказната на Тима“ за историјата на Делиите.

Во првото продолжение Тимиќ вели:

– Петровиќ тогаш беше најдобриот играч на Цибона, со кого Ѕвезда се мачеше и сакавме да го неутрализираме. Прво сакавме да го исплашиме и да му се заканиме, а потоа да го истепаме.

Идеите стануваа се порадикални, па дојде до точка да го тепаме со палки, да му скршиме нозе пред некој важен натпревар против Ѕвезда.

Го следевме неколку дена низ Загреб, но беше доста тешко, бидејќи тогаш немаше мобилни телефони. Сепак, ја дознавме неговата рутина, каде оди после тренинг, во кое кафуле седи, каде живее…

Поранешниот предводник на Делии додава: „Проблемот беше што никогаш не одеше сам, секогаш беше со девојка или со друштво. Се вративме во Белград и се договоривме да го направиме сето тоа пред решавачкиот меч со Цибона таа сезона. Но ние веќе загубивме во полуфиналето, па немаше потреба од такво нешто“.

Тимиќ вели и дека Делије имале седиште во центарот на Загреб, на улицата Медулиќева, во истата зграда каде што се наоѓало омиленото кафуле на „Бед блу бојси“, навивачката група на Динамо.

-Почнавме да се дружиме со Србите од Загреб кои навиваа за Ѕвезда. Тоа прерасна во такво другарство што станот во центарот на Загреб стана наша навивачка база. Се собиравме таму и смислувавме како да ги нападнеме навивачите на Динамо или на Цибона и да им ги земеме транспарентите, раскажува Тимиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО