(ВИДЕО) Лудо дерби во Мадрид: Атлетико израмни во 93 минута  

Атлетико Мадрид постигна израмнувачки гол во 93-та минута и спаси бод во дербито со лидерот во Ла лига, Реал Мадрид (1:1). Мечот се играше на стадионот „Сантијаго Бернабе“ пред 76.732 гледчи.

Реал поведе во 20 минута со голот на Брахим Дијаз, кој во последен момент се најде во тимот откако Винисиус Жуниор се повреди на загревањето. Но Маркос Лјоренте спаси поен за Атлетоко со ударот со глава на неколку секунди до крајот на мечот.

Ова беше трета средба меѓу лутите градски ривали во 2024 година. Реал победи во шпанскиот Суперкуп по продолженијата, со 5:3, а Атлетико триумфираше во „кралскиот куп“, по продолженијата со 4:2.

По ова реми тимот на Карло Анчелоти има 58 бода, два повеќе од најпријатното изненадување сезонава, Жирона, која ремизираше со Реал Сосиедад во саботата, 0-0.

Бранителот на титулата Барселона има осум, а Атлетико 10 бода помалку од Реал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО