Поради терористички закани: Франција го менува планот за отворање на ЛОИ?

Церемонијата на отворањето на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 година може да биде променета. Француското разузнавање е загрижено за можните терористички закани во земјата.

Вчера, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин се состанал со претставници на Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ) за да разговараат за церемонијата на отворање на ЛОИ која е закажана за 26 јули.

Сегашниот формат на церемонијата, според ДГСИ, отвора многу ризици. Предвидено е да има дефиле покрај Сена на кое спортистите ќе одат на свеченото отворање. „Мораме да минеме на планот Б“, забележале од разузнавачката служба.

Руски медиуми наведуваат дека Франција ја разгледува и опцијата за откажување на свеченото отворање на Игрите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО