НБА лига: Минесота прв пат по 20 години со 50 победи во сезоната

Кошаркарите на Минесота тимбервулфс го совладаа Детроит пистонс со 106:91 и стигнаа до границата од 50 победи (и 22 порази) во регуларниот дел од сезоната, за првпат по 2004 година, односно по петти пат во 35-годишната клупска историја.

Во последната сезона кога на Вулфс им успеа да ја минат оваа граница, Кевин Гарнет стана најкорисен, МВП играч во НБА.

Тогаш Минесота стигна до финалето на Западната конференција, прв и единствен пат, во клупската историја.

Најдобриот скор на сите времиња, 58:24, победи и порази, Минесота го имаше во сезоната 2003/04.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО