Партизан успеа да поведе против Будуќност во полуфиналето од АБА плеј-офот

Кошаркарите на Партизан се наоѓаат на една победа од пласман во финалето на плеј офот во АБ лигата.

Вечерва во „белградска Арена“, ја совладаа екипата на Будуќност од Подгорица со резултат 78:67 и поведоа со 1:0 во серијата.

Вториот меч од полуфиналето ќе се игра на 7. мај, вторник, во халата „Морача“ во Подгорица.

Партизан водеше цел натпревар вечерва, а на крајот Партизан помалку и си играше со нервите на навивачите. По натпреварот, Обрадовиќ потенцира дека она што го загрижува најмногу се загубените топки и скоковите.

„Црно-белите“ по првиот дел водеа со 41:29, додека по изедначената трета четвртина, последниот дел го доби Будуќност со пола кош предност, но недоволно за да го загрози водството на Партизан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО