Поповски: За подобри резултати потребни се големи промени

Генералниот секретар на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Сашо Поповски, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, говореше за претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз, за Светскиот ден на спортот и за Младинските олимписки игри (МОИ) кои ќе бидат реализирани во Скопје.

– Засега Македонија нема спортист(и) со остварена „А“ норма за Игрите во Париз, но се надеваме дека тоа ќе се промени до крајниот рок, во јуни. Мора многу да се работи во националните федерации за да имаме успешен спорт. МОК се обидува да помогне на секаков начин.

Во текот на викендот ќе го организираме Светскиот ден на спортот, во соработка со Општината Аеродром. Тоа ќе биде убав настан за спортско дружење.

Следната година не’ очекуваат Младинските олимписки игри. Ќе мора сите заедно, МОК, градот Скопје, АМС и целата држава, да бидат вклучени во организацијата. Тоа ќе биде веројатно најмасовниот спортски настан во светот, истакна Поповски.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО