Артета знае што му треба на Арсенал за да ја освои титулата!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета одговори на прашањето што треба да направи неговиот тим за да ја освои титулата во англиската Премиер лига.

– Победа на секој натпревар? Не знам. Но, сигурно нешто многу блиску до тоа. Кога ќе го видите нивото на другите тимови, константноста што ја покажуваат, знаете што е потребно за да го освоите првенството. Сфаќате дека победата на секој натпревар е она што ви треба, изјави Артета пред вечерашниот натпревар со Лутон.

Арсенал моментално, по 29. кола, е на второто место на табелата, со 65 бода, два помалку од лидерот Ливерпул. Првата тројка ја комплетира актуелниот шампион, Манчестер сити кој има 64 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО