Поповски и Даневски ќе ја претставуваат Македонија на ЕП

Филип Поповски во улога на делегат на натпревари и Сашо Даневски, кондициски тренер на фудбалски судии, добија голема чест да бидат дел од организацијата на натпреварите на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Поповски ќе биде делегат на сите натпревари што ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин; Шпанија – Хрватска, Полска – Австрија, Холандија – Австрија, на натпреварите од елиминациската фаза, во осминафиналето, четвртфиналето и на финалето, на 14  јули.

Даневски, веќе три недели работи во Франкфурт со делегираните судии за ЕП. Тој беше одговорен за следење на тренинг процесот на судиските тимови кои ја делеа правдата и на финалните натпревари од Лигата на шампиони (ЛШ) и од Лига Европа (ЛЕ).

– Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија за несебичната поддршка на сите оние кои ја преставуваат нашата федерација и нашата држава на големите настани како што е Европското првенство.

Благодарност и до УЕФА која го препознава нашиот труд и квалитет и ни ја дава можноста да бидеме дел од ова големо натпреварување. Функцијата делегат на натпреварите во Берлин е привилегија, но и многу одговорна функција. Верувам дека ќе се покажеме во најдобро издание и ќе направиме простор за идни македонски преставници, изјави Поповски.

 

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО