Покетино ја коментираше победата на Челси во дербито со Тотенхем

Тренерот на Челси, Маурисио Покетино, емотивно проговори за победата во натпреварот од 26. коло на англиската Премиер лига против Тотенхем (2:0).

– Се чини дека за прв пат сезонава сум толку среќен, бидејќи денешниот резултат е моментот кога тимот, по 10 месеци работа, почна да сфаќа дека треба да се бориме. Денес го направивме тоа одлично.

Не знам дали ова е нашата најдобра игра, но главната работа е чувството. И покрај негативните околности, покажавме дека добро си ја вршиме работата. Победата во дербито е заслуга на фудбалерите. Ова е показател за тоа како се однесувавме кон овој натпревар, како игравме во првото полувреме, како се браневме, изјави Покетино.

По 34 натпревари во англиската Премиер лига, избраниците на Покетино имаат освоено 51 поен и се на осмото место, со 16 бода помалку од четвртото место, што обезбедува пласман во Лигата на шампиони.

Токму поради тоа приоритет за Челси ќе биде да се дојде барем до шестото место на кое моментални е Манчестер јунајтед со 54 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО