Баерн Минхен ќе се обиде да ја купи ѕвездата на Манчестер Сити

Баерн Минхен контактирал со агентите на Бернардо Силва за да разговараат за евентуален трансфер од Манчестер Сити кај Баварците на крајот на сезоната, објави синоќа онлајн изданието на шпанскиот весник Спорт.

Гигантот од Минхен е подготвен да плати повеќе од 60 милиони евра за да го купи 29-годишниот португалски репрезентативец и да му понуди висока плата со долгорочен договор. Во тековната сезона Силва одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, на кои забележа 11 гола и шест асистенции. Неговиот договор со клубот од Манчестер е до летото 2026 година.

Играчот од средниот ред се пресели во Манчестер Сити од Монако во 2017 година, а претходно играше за Бенфика во својата татковина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО