ГФК Тиквеш потврди дека добиле лиценца за настап во Евро натпреварувањата на УЕФА

Македонскиот прволигаш Тиквеш од Кавадарци ја игра својата историска сезона, а со пласманот во финалето на Купот на Македонија би можеле да се изборат за историски настап во Европа. За тоа да се случи ќе треба да победат во финалето кое ќе го играат против Воска Спорт.

Со цел непречено да имаат шанса за настап во Евро куповите, од Тиквеш се ангажираа да ја добијат потребната лиценца за настап во Европа, а за тоа веќе потврдија дека ја добиле. „Ја известуваме фудбалската јавност дека Градскиот фудбалски клуб “ТИКВЕШ 1930” АД – Кавадарци, денес ја доби лиценцата за право на настап во Евро натпреварувањата на УЕФА.

Остануваме посветено фокусирани на Финалниот Куп натпревар, кој го отвара патот на нашиот клуб во фудбалска Европа“ се вели во информацијата од ГФК Тиквеш. Финалниот натпревар во Купот на Македонија меѓу Тиквеш и Воска Спорт ќе се игра на 22 мај со почеток во 19 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО