Покетино има (молба) порака до фановите на Челси пред финалето против Ливерпул

Маурисио Покетино попладнево ќе има шанса да дојде до првиот трофеј со тимот на Челси.

Челси и Ливерпул го играат од 16 часот финалето од Лига купот на стадионот „Вембли“, па иако мало натпреварување, можеби ќе биде престиж за аргентинскиот стратег да го освои и да го намали притисокот кој го има на свој грб.

Маурисио Покетино побара од своите навивачи да не му судат според освоените трофеи пред денешното финале, во кое неговата екипа ќе мора да се соочи против лидерот во Премиерлигата.

– Мислам дека тоа не е начин на кој мора да им судите на тренерите. Се работи за конкурентнст и победи, но има премногу фактори кои влијаат. Мислам дека победа во недела нема да ја зголеми мојата популарност, но се надевам дека навивачите ќе бидат со нас и конечно ќе може да се радуваме на трофеј, порача Покетино.

Аргентинецот летоска премина во Челси и сега ќе се обиде да дојде до својата прва радост со „сините“. Претходно ги водеше екипите на Саутемптон и Тотенхем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО