Пијастри: Каква титула на Хамилтон сезонава? Попрво јас би освоил титула!

За трансферот на Луис Хамилтон во Ферари од идната сезона, интензивно се зборуваше овие две недели, а сега на ред е новата Ф1 сезона, од кога сите очекуваат многу.

Но за трансферот на Хамилтон во Ферари, интенресна констатација има возачот на Мекларен, Оскар Пијастри, кој едноставно не верува дека Британецот ќе освои титула во последната сезона со Мерцедес.

– Што зборувате? Тоа тешко да се оствари, верувам дека би било поспектакуларно јас да освојам титула во Ф1 пред Хамилтон да го направи тоа, тоа би била далеку поинтересна приказна за овој спорт, порача Пијастри.

Иако Пијастри е се уште далеку од такво сценарио, сепак тој не си ги минимизира шансите за такво нешто со болидот на Мекларен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО