Победи на РК Е. Пелистер и РК Бутел“

Екипите на Еурофарм Пелистер и Бутел славеа победи на натпреварите од шестото коло во машкиот ракометен плеј-оф од Суперлигата.

Актуелниот шампион одигра цврсто со РК Тиквеш кој пружи силен отпор, но попушти во завршницата и беше совладан со 29-25.

Во клучните моменти како вистински лидер кај тимот на Раул Алонсо се истакна Дејан Манасков кој натпреварот го заврши со десет гола. На спротивната страна Славче Шулески постигна пет.

Изненадување видовме во Охрид каде што Бутел ги освои првите бодови и се радуваше на победа од 29-31.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО