Чаби Алонсо планира големи промени во Реал Мадрид

Шпанскиот фудбалски стратег Чаби Алонсо веќе планира големи промени во тимот на Реал, кој ќе го преземе од Карло Анчелоти ова лето, а неговата намера е да го земе со себе 29-годишниот Германец. Џонатан Та е сè уште голема желба на Барселона, но и на Реал Мадрид.

Та станува слободен играч, одамна потврди дека нема да го продолжи договорот со Леверкузен и дека сака да оди во поголем клуб.

Тој би имал сигурно конкуренција, но и минути во Реал Мадрид, особено поради тешките повреди на Едер Милитао и Давид Алаба, додека сега е опериран и Антонио Ридигер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО