Победа на Манчестер Јунајтед во трилер меч

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед победија во трилер на гостувањето кај Вулверхемптон со 4:3 во 22-то коло од англиската Премиер лига и се искачија на седмото место на првенствената табела со 35 бодови.

„Црвените ѓаволи“ доминираа во првото полувреме на „Молине“, постигнувајќи два погодоци. Во петтата минута Маркус Рашфорд беше прецизен од работ на шеснаесетникот во своето враќање во тимот, а вториот гол за тимот од Манчестер го постигна Расмус Хојлунд од непосредна близина во 22. минута. Во вториот дел Јунајтед имаше неколку шанси да го зголеми водството, но напротив го прокоцка водството. Казната дојде во 68. минута, кога Пабло Сарабија успешно го реализираше пеналот.

Само седум минути подоцна, Скот Мектоминај со малку среќа го зголеми водството на гостите, но драмата не заврши тука. Најпрво во 85. минута, по меѓаница во шеснаесетникот, Макс Килман погоди од корнер, а израмни Педро Нето во петтата минута од судиското надополнување. Но, само две минути подоцна, 18-годишниот Коби Мајно по брилијантен соло потегпостигна гол за конечните 4:3.

Фудбалерите на Вест Хем и Борнмаут вечерва одиграа нерешено 1:1 во Лондон. Веќе во третата минута Доминик Соланке постигна гол за Бурнмаут и гостите со оваа предност заминаа на полувремето. Џејмс Вард-Проус реализираше пенал во 61. минута и го постави конечниот резултат.

Вест Хем моментално е шести на табелата со 36 бодови, додека Борнмаут е 12-ти со 26 бодови и натпревар помалку.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО