Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, нема некои нови информации околу тоа кој може да биде неговиот следен тренер.
Како што е познато веќе, тој се раздели со хрватскиот тренер и некогашен шампион од Вимблдон, Горан Иванишевиќ.
– Уште немам јасна идеја кој би можел да биде тој мој следен тренер, односно дали воопшто ќе има некој, порача Ѓоковиќ.
Соработката помеѓу Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ траеше скоро пет години. Минатите 5 години, Новак Ѓоковиќ успеа да освои 12 гренд слем титули (девет додека Иванишевиќ беше главен тренер, а уште три кога тој беше член на стручниот штаб, за вкупно 24, што секако го прави Ѓоковиќ, еден од најдобрите на сите времиња.