По одличната сезона, Хумелс со ултиматум за управата на Борусија Дортмунд

Матс Хумелс одигра одлична сезона во Борусија Дортмунд, беше еден од клучните луѓе во тимот, а посебно добар беше на европска сцена, во Лигата на шампионите, каде со Борусија стигнаа до финалето.

Но и покрај добрата сезона, која ја одигра на врвно ниво, извесно е дека Хумелс следната сезона нема да биде дел од составот. Според информациите на тамошните медиуми и новинарот Патрик Бергер, Хумелс поставил одреден ултиматум на клубот.

Порачал дека е отворен за преговори околу нов договор и останување во Дортмунд, но дека негов услови бил да се ослободат од тренерот Един Терзиќ.

Со оглед на тоа дека врвот на клубот неколкупати истакна дека со Терзиќ имаат долгорочни планови, извесно е дека нема да го менуваат тренерот за желбата на еден играч, па веројатно Хумелс или ќе ја менува средината, или пак, ќе реши да се повлече во пензија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО