По навредите кон Македонците од Даку – реакција на неговиот клуб Рубин Казан

Откако албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, направи скандал со тоа што изнесе скандалозни зборови кон македонскиот народ, тоа не наиде на одобрување.

Фудбалската федерација на Македонија реагираше на таквиот скандал до ФИФА, упатија писмо во кое се жалат на односот на играчот, а по тој повод, се огласи неговиот актуелен клуб Рубин Казан, од каде истакнаа дека не поддржуваат никаква верска и национална омраза.

– Нашиот клуб не сака да поддржи било какви навредливи акции и зборови на поединци. Нашиот играч беше дел од репрезентацијата на Албанија, па искрено жалиме за непосакуваната ситуација. Што се однесува околу евентуалните санкции кон играчот, за тоа прашање задолжена е УЕФА, порачаа од рускиот клуб.

Навредливите коментари на Даку се случија откако Албанија се избори за бод во мечот против Хрватска (2:2), па освен Македонците, овој играч ги навредуваше и соседите од Србија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО