Далиќ излезе пред новинарите – објасни што мора да се направи против Италија за спас на ЕП

Хрватската репрезентација и по две кола на ЕП, нема победа, откако прво загубија од Шпанија (3:0), на вториот натпревар од групата имаа уште еден разочарувачки резултат.

„Коцкестите“ одиграа само нерешено против Албанија и драматично си ги намалија шансите за пласман во осминафиналето. Шанси и теорија се уште постојат, но се мали, па во понеделник ќе им биде потребна победа против Италија, што ќе биде навистина тешко во оваа ситуација.

Новинарите ден по разочарувачкиот ден за Хрватска, на пресконференција го добија селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, кој ги сумираше впечатоците по првите два меча.

– Моето извинување до фоторепортерите за претходниот пат, ништо лошо не мислев, дечки извинете, само сакав да биде мирно, не сум лут. Научен сум на критики, повеќе од пофалбите, иако имавме доста добри резултати изминатите години. Тоа е реалност, со тоа, сум подготвен да се носам и со критиките за лошите резултати. Кога губиме, јас ја преземам одговорноста и знам да кажам дека јас сум тој, па и сега е така.

– Бевме на работ на елиминација и во Катар и на претходното ЕП, но поинаков беше крајот. Сега натпреварот со Италија ни значи многу, победа не води понатаму. Им реков на играчите дека мора да останеме позитивни, да мора да останеме верни на она што го работиме и дека мора да ги поправиме грешките.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО