По лудниот меч против Вулфс, Халанд испрати јасна порака до Арсенал

Ерлинг Халанд одигра фантастичен натпревар попладнево против Вулверхемптон, кого го победија со 5:1, а норвешкиот играч постигна четири гола.

Со оваа победа, Сити повторно дојде на -1 бод од Арсенал, но имаат и меч помалку кој може да реши кој ќе биде шампион на 2-3 кола до крајот на сезоната.

Тој дојде до свои 88 погодоци во дресот на Мначестер Сити, или два повеќе од она што го постигна за три сезони претходно во Борусија Дортмунд.

По натпреварот нагласи дека одат до крај и не се предаваат во битка за титулата, каде влегуваат во фото финиш.

– Не се предаваме, одиме до крај, во игра сме и ние ја диктираме ситуацијата, имаме бод помалку, но и меч повеќе, се е во наши раце, порача Халанд.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО